Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Димитриевски: Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-03-696x465

Македонија направи грешка со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник во спорот со Бугарија, смета кумановскиот градоначалникот и член на Централниот одбор на СДСМ, Максим Димитриевски.

— реклама —

Во гостување на телевизија „Сител“, Димитриевски посочи дека при изборот на Бучковски не биле земени предвид неговите порано јавно искажани ставови.

— реклама —

Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види неговото интервју за ТВ „Европа“ кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров. Таму многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека тој нема да даде придонес во развојот на наметнатите проблеми – изјави Димитриевски.

— реклама —

Димитриевски вели дека нема простор за преговори за идентитетот, како ни за Гоце Делчев кој се родил, живеел и се борел за Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања