„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитриевски за бугарски медиум: Зошто бугарската држава повеќе од 40 години не решила да го закопа Гоце Делчев некаде во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230205080342

Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарски медиум.

— реклама —

Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија изјави дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европски.

„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.

— реклама —

Тој информираше дека за положување на цвеќе во Скопје чекал два часа, бил најавен во делегацијата и чекал затоа што такви биле мерките за безбедност.

„Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник порача дека Бугарите мора да прифатат дека сме Македонци, инаку нема да се разбереме. Вчера денот беше тензичен, но немаше нереди. Чествувањето на херојот Гоце Делчев претходно беше оценето како настан од висок ризик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања