„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Димитријевиќ: Правната држава е погребана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryqidvdmtuki2obhospUe

СДСМ обвинува дека „правната држава е погребана“ и дека има договор (дил) меѓу ВМРО и ДУИ, видлив преку случајот со Артан Груби – од „театарот“ на граница до определениот куќен притвор. Според Димитријевиќ, обвинителството и судството се ставени под контрола на власта преку кадровски промени, за да носат политички одлуки. Посочува дека иако Груби еднаш избегал, обвинителството побарало поблага мерка, а целиот процес бил режиран со камери и медиумска кампања. СДСМ најавува дека ќе има одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

— реклама —

„Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено.

Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.

— реклама —

Го сменија јавниот обвинител, избраа судии и обвинители под нивна контрола.

Сопруга на екс градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО.

За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска.

Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Како одлуката за куќен притвор, каде одговорноста е кај обвинителството и судството.

Иако еднаш избегал, вчера обвинителството побарало поблага мерка од претходно веќе одредената мерка притвор.

Замислете, еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор со мерка куќен притвор.

Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски.

Тој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година како одговорен на најголемото обвинителство во државата, значи пред 1 месец.

На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова.

Очигледно доаѓањето на Груби временски било темпирано.

Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ.

Дополнително, видовме дека и целиот затворски систем е капитулиран пред политичките договори.

„Не можело да му се гарантира безбедност“, па го пуштија дома.

Ниту еден час не помина во Шутка.

Нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби на граница.

Камерите „случајно“ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп“ листата. Ама за враќањето на Груби камери има – од граница, од пречек, до

Обвинителството и Судот.

И веднаш медиумите под контрола на Орбан, спремни, во иста минута сите со кампања. Целосно режирано, само овој пат лоша реализација.

Како Катица што ја пуштија 3 години порано за да им помага како елемент во кампањата за враќање на Груевски.

Цела банда ја собираат.

Главниот и одговорен уредник за жолт печат, Христијан Мицкоски, сега е уредник на циркус со кој се погребува правото и правната држава.

Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио. Дил. Само уште да видиме што ќе добие ДУИ за возврат од ВМРО-ОКГ.

Можеби им поминуваше со години, но повеќе не – граѓаните не се наивни ниту слепи.

Граѓаните конечно гледаат сè и знаат.

Одговорност ќе има“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања