ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Димитров: Да одмориме од проблемот со Бугарија до изборите кај нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, проширувањето е во криза и мислам дека неуспехот на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји-членки на Европската Унија.

— реклама —

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за МИА, во кое стана збор и за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата поднесена за него од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста за процесот на преговори…

Вицепремиерот вели дека оваа битка не е само битка за македонскиот идентитет, туку е битка и за европскиот идентитет.

— реклама —

-Ако Европската Унија е заедница на вредности, меѓу кои клучните се богатството на различностите, кулурни и јазични, на народите во Европа, тогаш оваа битка е битка на самата Европска Унија. Јас сум убеден дека ние овие три цели коишто се целосно заедно компатибилни, мора да ги успееме истовремено. Да почнеме пристапни преговори, да го зачуваме и промовираме македонскиот идентитет и македонскиот јазик и да градиме пријателски односи со нашиот сосед Бугарија, вели Димитров.

На прашањето дали очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај нив што се предвидени да се одржат во март, Димитров вели дека политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања.

-Дел од бугарските политички сили можеби сакаат ова прашање и да го користат во кампањата. И не мислам дека ќе си помогнеме ако влеземе во таа приказна. Јас мислам дека е време малку да одмориме од овој проблем и практично од Бугарија. Мислам дека е време, енергијата, времето што не ни е бесконечно, тоа ни е ограничено да го инвестираме во средување на сопствениот двор. Тоа не значи дека треба да ги прекинеме разговорите со Бугарија, немаме од што да бегаме, кажавме јасни позиции и сме кристално чисти, меѓутоа мислам дека фокусот треба да биде дома, дециден е Димитров.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања