Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Димитров денеска на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MFA_8353

На покана на Генералниот Секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг идомаќинот, Државниот Секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Вашингтон. Станува збор за прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство.

— реклама —

Прославувајќи ја 70 годишнината од формирањето на Северноатлантската алијанса, Вашингтон ќе биде домаќин на серија пригодни настани и свечености, на кои ќе учествува и МНР Димитров. Во таа смисла, особено е значајна конференцијата „NATO Engages: The Alliance at 70”, на која министеротДимитров, во друштво на својот грчки колега, ќеговори за: „Наследството и иднината на НАТО политиката на отворени врати“, непосредно пред изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Се очекува на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 официјални претставници на државите-членки на НАТО. Јубијелот ќе биде симболично одбележан со прием во Andrew W. Mellon Auditorium, каде што во 1949 год. бил потпишан Договорот со кој се ставени темелите на Северноатлантската алијанса. Церемонијата ќе биде заокружена со поздравни обраќања на Државниот Секретар, Помпео и Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг.

Работната посета на Вашингтон ќе биде особено збогатена со непосредните средби што министерот Димитров ќе ги оствари со Државниот Секретар на САД, Мајк Помпео и Филип Рикер, Помошник Државен Секретар. Се очекува посебно внимание да биде посветено на безбедносните предизвици со кои се соочува алијансата и придонесот на нашата земја кон глобалната благосостојба.

— реклама —

Во својство на „поканета земја - invitee“, министерот Димитров активно ќе учествува на двете работни сесии, работниот ручек и дискусиите со НАТО сојузниците, посветени на широк спектар на безбедносни дилеми и предизвици пред кои е исправена трансатлантската заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања