Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Димитров и принцот Едвард во Националната филхармонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mnr12m

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров заедно со Неговото Височество, принцот Едвард грофот од Весекс, присуствуваше на настан во Националната филхармонија во Скопје, организиран во рамки на кралската посета на Неговото Височество на Македонија.  Настанот претставуваше дел од одбележувањето на богатата билатерална соработка и пријателството меѓу двете земји. По тој повод, Министерот и високиот гостин присуствуваа на неколку презентации на проекти и концепти од страна на ученици и студенти од цела Македонија на повеќе теми – одржлив развој на градовите во државата, поодржлива мода и модни дизаjни од текстилен отпад, како и презентација на електронски и програмерски транспортни информациски системи, изработени од ученици од 10 до 15 години.

— реклама —

По презентациите, министерот Димитров, Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, амбасадорот на Обединетото Кралство Галовеј, министрите Манчевски и Царовска како и претставници на дипломатскиот кор присуствуваа на настап на инклузивното танцово студио „Еурека“ со претставата „Пепелашка“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања