Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Димитров и се заблагодари на норвешката колешка за помошта за справување со пандемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dimitrov

На барање на норвешката страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.

Димитров и’ се заблагодари на норвешката влада, којашто одобри помош во вредност од 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата на УНОПС за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, за медицински материјали и препарати за справување со пандемијата. Од тие средства беа набавени респиратори со што беше зајакнат капацитетот на здравствениот систем во справувањето со Ковид-19.

— реклама —

Тој исто така упати благодарност и за Проектот наменет за  изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи, што исто така е финансиран од Кралството Норвешка.

— реклама —

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби поврзани со здравствената криза, предизвиците и можностите за поддршка, ги споделија искуствата и праксите при справувањето со неа и уште еднаш беше истакната потребата од солидарност и соработка.

— реклама —

Воедно, Министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, а се осврнаа и на блиската соработка во мултилатералата.

фото: МНР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања