„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитров: Изјавата на португалската министерка е прилично несреќна, изразивме негодување и протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, вели дека за него лично изјавата на португалската министерка, Ана Паула Закаријаш, за македонскиот јазик била „прилично несреќна“. Во текот на вчерашниот ден, како што рече, и тој и шефот на дипломатијата Бујар Османи во комуникацијата со Лисабон искажале негодување и протест, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

„Во јавноста често има еден вид збрка во однос на дипломатските реакции кога ќе имаме вакви поводи. Вчера на неколку нивоа јас лично разговарав со Лисабон, МНР исто, министерот Османи исто. Во дипломатската комуникација битно е јасно да си го изразите ставот, да изразите протест, негодување. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден. Тоа што го добивме, што беше потврдено и од португалската амбасадорка што нè покрива од Белград, е дека Португалија никогаш нема да направи нешто што ќе штети на изнаоѓање решение. Останува цврсто на својот предлог и нема намера да влегува околу содржинска дебата околу културни, идентитетски прашања итн. “, рече Димитров.

— реклама —

извор: 360stepeni.mk

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања