„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитров: Лага е дека сум вмешан во „Рекет“, не дозволувам да ме валкаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
selfi-610x361

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров најави тужба за објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за случајот „Рекет“, а се однесуваат на исказот на Орце Камчев кога го пријавил случајот во Обвинителството и во која има детали за наводна инволвираност на политички функционери. Тој вели дека доколку текстот во кој го обвинуваат дека е вмешан во случајот „Рекет“ не се повлече“, тој за прв пат правдата ќе ја бара на суд.

— реклама —

„Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.

Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда. Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги. Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е“, пишува Димитров на социјалните мрежи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања