Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Димитров: Македонија е успешна приказна која треба да биде поддржана ако сакаме да направиме разлика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MFA_8353

Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика.

— реклама —

Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето вчера во германскиот Бундестаг на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, од која видео е прикачено на неговиот фејсбук профил.

„И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да напарвиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерството во Атина“, изјави Димитров.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања