Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Димитров на дебата „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името“ во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
MFA_8353

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.

— реклама —

Во рамки на посетата Министерот ќе учествува на настан во германскиот Бундестаг „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.

— реклама —
— реклама —

Покрај тоа, министерот Димитров ќе се сретне со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.

— реклама —

Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања