„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитров: Најголемата битка за нас е да ги задржиме младите дома и затоа треба да ја направиме нашата земја европска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Северна Македонија очекува да добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. Во спротивно балканскиот регион ќе биде обесхрабрен за реформи, вели Никола Димитров за Ројтерс.

— реклама —

Во интервју за Ројтерс дадено на маргините на Форумот во Блед, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров оценува дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги убедат младите луѓе да не емигрираат во потрага по „европски стил на живот“ во странство.

Откако одлуката за доделување датум за почеток на пристапните преговори беше одложена од јуни за октомври годинава, официјално Скопје очекува дека по десет позитивни препораки од Европската Комисија, тоа конечно и ќе се случи следниот месец.

— реклама —

„Големите прашања се решени. Доколку не се случи адекватна реализација на оваа шанса, тоа значи дека регионот нема перспектива“, вели Димитров.

Димитров не сака да прогнозира кога земјата ќе може да стане полноправна членка на ЕУ, и вели дека е поважно земјата да тргне по европскиот пат.

„Процесот е важен. Најголемата битка за нас е да ги задржиме младите дома и затоа треба да ја направиме нашата земја европска, за тие да имаат европски стил на живот дома наместо да заминуваат во странство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања