„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Димитров: Ние како држава имаме автентичен интерес да имаме добри односи со Република Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Dimitrov-Zaharieva-02

На покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, престојуваше во официјална посета на Република Бугарија.

— реклама —

На средбата со својот домаќин, МНР Захариева, како и на пленарните разговори помеѓу делегациите, беа реафирмирани традиционално блиските односи кои двете пријателски земји ги негуваат и беше заклучено дека постои долгорочен заемен интерес за зајакнување и унапредување на севкупната соработка. 

МНР Никола Димитров: „Ние како држава имаме автентичен интерес да имаме добри односи со Република Бугарија. Анти-историски би било доколку тие не се блиски”.

— реклама —

Двајцата министри истакнаа дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка внесе нова позитивна динамика во односите меѓу двете земји. Се разговараше и за напредокот кој е постигнат во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

МНР Никола Димитров: „Ако гледаме заедно кон целта и ако се поддржуваме меѓусебно на тој пат, тогаш таа ќе биде достижна.”

Министерот Димитров упати благодарност до Република Бугарија за поддршката која Република Северна Македонија ја добива за интеграцијата во ЕУ и НАТО, особено преку визијата и трудот на Премиерот Борисов и МНР Захариева.

Во тој поглед, особена благодарност беше упатена за неодамнешната ратификација на Пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО

МНР Никола Димитров: „Чест ми е што сум тука само неколку дена по ратификацијата на Пристапниот протокол за членство во НАТО, од страна на Народното Собрание на Република Бугарија, што е од големо значење за нас”.

МНР Захариева му се заблагодари на МНР Димитров за истакнувањето од негова страна за време на церемонијата на потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел на поддршката на бугарскиот народ и Владата на Република Бугарија. Таа изрази надеж дека комисијата ќе работи уште поинтензивно и по евидентниот напредок во нејзината работа.

Во рамките на посетата, МНР Димитров беше примен и од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев на која исто така се разговараше за начините на продлабочување на соработката меѓу двете земји, како и за евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања