Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Димитров од Париз : Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Париз се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА.

Во разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разгледани се аспектите од билатералната соработка, како и заедничките стратешки определби за европска и евроатлантска интеграција на Северна Македонија и Регионот. Од наша страна, стои во соопштението, е истакнато дека добивањето позитивна одлука за Северна Македонија за отпочнување пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ.

— реклама —

Слични пораки упати и на средбите со Салваторе Серавале, заменик генерален секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Франција и со Сенаторот Ален Ришар, а исто така и обраќајќи се до француската јавност, како и во контактите со реномираните медиуми, весниците Le Monde и Le Figaro, порачувајќи дека треба да се искористи оваа историска шанса, и во октомври Северна Македонија и ЕУ да го заокружат и забележат заеднички успех со одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.

— реклама —

извор: МИА

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања