Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Димитров: Одлуката за случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, ова е резултат на поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
idiot-3

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

„Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок?

— реклама —

Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно - да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари.

Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги.

— реклама —

И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг.

— реклама —

Знаете всушност што нам ни треба?

Антипартија!

— реклама —

За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката - Res Publica.

За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања