Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Димитров: После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Dimitrov

„Еден од резултатите на Преспанскиот договор меѓу другото е и тоа што по комплетирањето на тој процес, службите во Европската Унија во Брисел излегоа со меѓуинституционален водич за употреба на името и терминологиите каде јазикот е кристално чист македонски јазик и врз основа на тоа Европската комисија како чувар на принципите, стандардите и темелните документи на Европската Унија, вклучувајќи го и Лисабонскиот договор, вели дека треба да подготвуваме целото европско законодавство да го преведеме на македонски, и да бидеме подготвени и да имаме преведувачи од македонски на другите официјални јазици на Европската Унија пред да стапиме во членство. После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

Димитров потсети дека после Преспанскиот договор, во однос на Грција, гледано од аспект на јазикот на билатералните договори тие се потпишани на македонски и на грчки јазик, вклучувајќи го и последниот за отворање на нов граничен премин за Маркова Нога-Лемос.

— реклама —
— реклама —

Нашите позиции, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, редовно ги афирмирам во медиумите ширум Европа во кои редовно апострофирам дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се затворени прашања и нема да дозволиме некој повторно да ги отвора, како што тоа заеднички го направивме со германскиот министер за Европа, Михаел Рот во германскиот весник „Ди Велт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања