Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Димитров се налути: Не си заминувам, тоа е безобразно лажна вест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа објавени синхронизирано од проопозициските портали, а беа демантирани од неговиот кабинет.

— реклама —

„Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција“, коментираа од кабинетот.

Според објавените информации понудата за нова кариера во САД министерот Димитров, наводно, ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се зборува дека делумно помагала во пишувањето на Договорот со Грција.

— реклама —

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат кој, и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина“, соопшти Министерството. ОД МВР најавија истрага, но до ден-денеска не се откри кој го (зло)употребил печатот за да го „разреши“ Димитров.

Повеќе прочитајте на Независен.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања