Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Димитров се сретна со грчкиот министер: Во ЕУ може со резултати, благодарност за поддршката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Dimitrov-Katrugalos-01-1

Денеска министерот Никола Димитров се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос кој во име на грчката Влада присуствуваше на инаугуративната церемонија на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

— реклама —

За време на состанокот, соговорниците ја потврдија подготвеноста за продолжување на позитивната динамика во која се развиваат односите и соработката меѓу двете земји. Беше нагласено дека средбите на највисоко ниво (особено со посетата на премиерот на Грција, Алексис Ципрас на Скопје), ја одразуваат желбата за градење на односи темелени на заемна доверба и партнерство.

— реклама —
— реклама —

Се разговараше и за економската соработка, со посебен осврт врз инфраструктурното поврзување, со што се олеснува севкупната комуникација на граѓаните и стопанските субјекти, вклучувајќи ги двата нови договорени гранични премини.

— реклама —

Министерот Димитров уште еднаш се заблагодари за грчката поддршка за членството на нашата држава во НАТО и ЕУ. Тој го нагласи задоволството од темпото на ратификација на пристапниот протокол во земјите-членки на Алијансата и ги пренесе и очекувањата дека реформските и добрососедските постигнувања на Македонија ќе добијат соодветно вреднување и од Европската унија: “Тоа ќе биде извонредно значајна порака до целиот регион: патот кон ЕУ е возможен и зависи од постигнати резултати.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања