Димитров се закани со тужба за медиум: „Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам никаква врска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

Фејсбук статус на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров. Еве што напиша министерот:

— реклама —

„Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.

Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.

— реклама —

Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.

Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда.

Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.

Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е“, напиша министерот на ФБ.

https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2470964086450329

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања