Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Димитров во посета на Романија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

На покана на министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, министерот за надворешни работи Никола Димитров на 21 и 22 мај 2019 година, ќе престојува во официјална посета на Романија.

Покрај средбата со својот хомолог, Димитров ќе се сретне и со министерот за европски прашања, Џорџ Чамба, како и со потпретседателот на Долниот дом на романскиот парламент, Кармен-Илеана Михалческу. Исто така, во рамки на посетата на Букурешт, Димитров ќе одржи предавање во Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација, на темa „Политичката транзиција во Македонија и нејзиното членство во НАТО и ЕУ“.

— реклама —

Официјалната посета на Димитров на Романија се случува за време на романското претседавање со Советот на ЕУ што претставува своевидно реафирмирање на романската поддршка за членството на нашата држава во Европската Унија. Романија беше меѓу првите НАТО-членки кои го ратификуваа Пристапниот протокол за членство во Алијансата.

— реклама —

За време на посетата, министрите Димитров и Мелешкану ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Романија во областа на европските интеграции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања