Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Димитров во работна посета на Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
7-2

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на 15 и 16 март 2019 година, ќе престојува во работна посета на Атина.

— реклама —
— реклама —

На покана на поранешниот  министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, министерот Димитров ќе учествува на академска конференција по повод одбележување на дваесет годишнината од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреја. На конференцијата чиј наслов е „Грчката надворешна политика во 21 век“ , МНР Димитров ќе се обрати на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.

— реклама —
— реклама —

Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на МНР Никола Димитров со својот грчки хомолог, МНР Џорџ Катругалос, како и куртоазна средба со Николаос Вуцис, Претседател на Парламентот на Хеленската Република.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања