Промени тема
Контакт

Димитров во работна посета на Брисел и Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dimitrov

По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, од каде ќе замине за Берлин.

— реклама —

Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври годинава.

Во Брисел е предвидено министерот Димитров да учествува на работен состанок со амбасадорите на земјите-членки при Европската унија (КОРЕПЕР), на кој ќе ги претстави тековните активности на земјата во пресрет на Советот, ќе потсети на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период и ќе побара носење на одлука за почеток на пристапните преговори.

— реклама —

Димитров ќе учествува и на настан организиран од страна на German Marshall Fund во Брисел посветен на патот на Република Северна Македонија кон европската и евроатлантската интеграција. Ќе се сретне и со високи претставници на европските институции, меѓу кои и еврокомесарот Јоханес Хан, а ќе присуствува и на приемот по повод Денот на независноста -8 Септември, кој го организираат дипломатско конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во Брисел.

— реклама —

Во Берлин, пак, како што е најавено, предвидени се низа работни средби, меѓу кои и со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот и со други владини претставници, како и со повеќе пратеници од Бундестагот, со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел и други релевантни соговорници. За време на посетата, планирано е и учество на министерот Димитров на работен појадок организиран од страна на Фондацијата „Körber“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања