Димитров за Бугарија: Не можат да ни бидат пријатели ако не блокираат и го доведуваат во прашање јазикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitrov-1

Во интервју за BBC вицепремиерот Никола Димитров за тврдењето на Бугарија дека постои јазичен проблем со Македонија, велид дека македонскиот јазик е мајчин јазик на Македонците.

— реклама —

„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи - ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.

— реклама —

На прашањето дали се уште ја чувствуваме Бугарија како пријателска земја тој вели дека тие тоа многу го отежнуваат, бидејќи не е пријателски да се доведува јазикот во прашање.

— реклама —

„Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија - нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели. Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско“, вели Димитров

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања