Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Димитров за МИА: Ставени сме на тест дали ќе се издигнеме вон изборниот контекст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrov

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

— реклама —

– Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители, нагласува тој во интервјуто за МИА.

Ќе се ангажира во кампањата, но сè уште не одлучил во која форма, а доколку зависно од исходот од изборите има можност за уште еден мандат на позицијата шеф на дипломатијата не дава конкретен одговор, но додава дека во фокусот му е европската агенда. Ако има можност тоа ќе биде некаде каде што ќе може да направи разлика, но акцентот ќе биде, како што вели, на некоја од покрупните стратегиски битки.

— реклама —

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

Во интервјуто со министерот за надворешни работи зборувавме и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, можноста тој да се укине како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за релациите со Мицотакис, за новото законско решение за Министерството за надворешни работи, за неговите планови да напише мемоари за Преспа.

Долго чекориме на патот кон ЕУ, 15 години сме со кандидатски статус со десет последователни препораки од ЕК. Првата дестинација во регионот на еврокомесарот за проширување на добрососедство Оливер Вархеји беше токму нашата земја. Дали тоа е некаква порака или некој вид дипломатска учтивост за недобиениот датум минатата година?

Има доста од тоа, мислам дека главниот мотив токму нас да нè посети е драстичноста на македонската европска приказна, ова што го велите во прашањето. Петнаесет години земја кандидат, првата препорака 2009, имавме две години дали условени препораки, дали изгубени, а најавени 2015 и 2016 кога излегоа работитите сосема на површина на виделина. Земја во регион што е многу богат со проблеми се осмели да ги реши своите големи проблеми со затворањето на отворените прашања со соседите, земја што во 2016 беше окарактеризирана како заробена држава, значи слаби институции, премногу моќ во еден човек или мала група, која со сите грешки, што за жал уште ги правиме, си ги врати и слободата и демократијата и тоа не прави драстична приказна и оттука недонесувањето на одлуката во октомври од многу европски лидери беше наречено стратегиска грешка, историска грешка. Комесарот вели ова може да биде и шанса да го гледаме како шанса да бидеме фокусирани. Тој упати многу пораки, суштински му беа мислам три, вели: Ние остануваме на нашата оценка дека вие ги исполнивте сите услови, меѓу другото и најави 50 милиони евра награда за перформансот за исполнувањето. Спомена дека тој работи за конечен пробив, донесување на одлуката за пристапни преговори, пред Самитот во Загреб, во мај годинава и рече дека реформите мора да продолжат и тука посебно го истакна законот за јавно обвинителство. Не го спомена како услов, меѓутоа спомена дека многу е важно да покажеме дека имаме капацитет дури и во еден ваков предизборен период, да се обединиме сите да се соберме околу европската иднина на татковината. Тоа беа суштинските три пораки.

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања