Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Димитров за предлогот за поблаги казни за функционерите: Од нема правда, нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу, објави на социјалните мрежи поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

— реклама —


— реклама —

„Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сè европско ќе влезе во учебници“, реагира Димитров.


— реклама —

Измените, оценува тој, се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените, како што вели, нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела.

— реклама —

„Од нема правда, нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност“, потенцира Димитров во напишаното на социјалните мрежи.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања