„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитров: Заради една личност не може нацијата да се откаже од владеење на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

„Поради една личност не може целата нација да се откаже од владеењето на правото, од патот кон Европа“, ова е ставот на министерот за надворешни Никола Димитров, за вмешаноста на обвинителката Јанева во аферата Рекет.

— реклама —

Министерот Димистров учествува на неформалниот состанок на министри од ЕУ кој се одржува во Хелсинки. Финските новинари посебен интрес покажаа за Аферата „Рекет“ и Катица Јанева која, според нив била симбол за револуцијата, слободата и борбата против корупцијата, а сега и самата е дел од една афера која предизвика разочараност во земјата.

По ова прашање димитров одговори:

— реклама —

„Сепак, има индикации дека е инволвирана што остава горко чувство, бидејќи жедта за правда е огромна, и во земјата и кај народот. Она што е важно е дека кога проблемот е откриен, клучно е системот да реагира. И сега системот мора да реагира. Една личност не може да биде причина целата нација да се откаже, ние мораме да продолжиме, а патот е владеењето на правото“, рече министерот Димитров.

Тој пред почетокот на министерскиот состанок со ЕУ  порача дека е подобро да се зборува за комплетирање на ЕУ наместо за нејзино проширување.

Западните членки на ЕУ се лицемерни за проширувањето, обвини денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сјарто.

Сјарто смета дека одлагањето на одредување датум за преговори за Македонија и Албанија во јуни е спротивно на интересите на Унијата.

,,Ние сме земја која го поддржува проширувањето, значи за брзо проширување на ЕУ, и забрзување на процедурата за пристапување и отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, но искрено, моето искуство покажува дека некои од моите западни колеги само зборуваат за проширувањето, а кога ќе дојде време за носење одлуки обично се против. Тоа е лицемерие‘‘, изјави Сијарто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања