Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Димитровска: Ребалансот обезбедува континуирани инвестиции во образованието, земјоделството и патната инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library97ev0davv1i55fUFLwj

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска која оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува документ што ги поставува развојните приоритети на државата, со акцент на инфраструктурата, образованието, земјоделството и социјалната сигурност.

— реклама —

Димитровска истакна дека со ребалансот продолжуваат капиталните инвестиции, особено во патната инфраструктура и локалниот развој.

„Со овој ребаланс продолжуваат инвестициите таму каде што најмногу и требаат на државата. Продолжува изградбата на коридорите 8 и 10Д. Тоа не е само уште еден инфраструктурен проект. Тоа е проект што ќе ја поврза државата, ќе го забрза транспортот, ќе ги намали трошоците на компаниите и ќе создаде подобри услови за нови инвестиции. Тоа е инвестиција што ќе ја користат генерации, а не само оваа влада. Но, развојот не е само автопат, развој она што се случува во секоја општина. Затоа ми е особено важно што во овој ребаланс продолжува поддршката за инфраструктурните проекти во општините. Затоа што не постои мала или поголема инвестиција кога зборуваме за граѓаните. За некого автопатот е најважен, за друг најважно е конечно да добие асфалтирана улица во своето мало, за третиот најважно е да има вода за пиење. Токму затоа инвестициите во општините се инвестиции во достоинствен живот“, рече Димитровска.

— реклама —

Во своето обраќање таа нагласи дека ребалансот обезбедува континуирани вложувања и во образованието, како и поддршка за земјоделците, истовремено задржувајќи ја социјалната сигурност на граѓаните.

— реклама —

„Продолжуваат инвестициите и во образованието. Не зборуваме само за нови згради. Зборуваме за подобри услови за младите, за подобри услови за студентите и за модернизација на студентските домови. Затоа што ако сакаме младите да останат овде, мора да им обезбедиме услови за достоен живот. Истовремено продолжува и поддршката за земјоделството и тоа е правилна одлука затоа што секој ден вложен кај земјоделецот значи повеќе домашно производство, повеќе домашна храна, поголема сигурност, поголема конкурентност и така натаму. Она што мене ми остави најсилен впечаток е што и покрај сите овие инвестиции државата не се откажува од своите обврски кон граѓаните. Исто така продолжуваат да се исплаќаат платите, пензиите и социјалните права остануваат заштитени. Тоа покажува дека можеме истовремено да водиме сметка за развојот и за социјалната сигурност“, вели Димитровска.

Таа оцени дека предложениот ребаланс не претставува само прераспределба на буџетски средства, туку документ што поставува јасни приоритети за идниот развој на државата.

— реклама —

„Кога ќе ги погледнете сите овие проекти заедно станува јасно дека ова не е ребаланс што само прераспределува средства. Ова е ребаланс што поставува приоритети, а приоритет е инфраструктурата, приоритет е здравството, приоритет е образованието, приоритет се младите, земјоделците, животната средина и најважно од се приоритет се граѓаните. И токму затоа сметам дека овој ребаланс има јасна развојна компонента“, истакна Димитровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања