Татјана Димитровска повторно ќе извршува висока функција во јавната администрација. По оставката од претседателското место во Државната комисија за спречување на корупцијата, се враќа во Државниот завод за ревизија. Димитровска ќе ја преземе функцијата помошник на главниот државен ревизор, позиција која ѝ беше во мирување за време на нејзиниот ангажман во антикорупциската комисија.
Во однос на ова, професорката Мирјана Најчевска цени дека ситуацијата очигледно ја надмина и границата на апсурдот
-Ахахахахахах. Криминалци од сите вери и невери, од сите етницитети, од сите краишта на државата, обединети под партиските знамиња.
Ахахаха.
Од сега па понатаму ниту еден државен службеник нема да работи спротивно на законот.
Се ќе биде по закон.
Затоа што законите го штитат крадењето, и мамењето, и насилството, и криминалот од сите видови и подвидови, и ...
Нема веќе дивоградби, нема ни крадци, нема ни измамници, нема злоупотреба на службена должност.
Крадењето е озаконето и измамата и самоволието и убиството и ...“, напиша таа.