Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Димитровски: Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn3d9j0neahkb5J2HWAK

Првите македонски државјани евакуирани од Израел синоќа пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, информира заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

Како што соопшти Димитровски во објава на социјалните мрежи, евакуацијата била реализирана по копнен пат преку Египет, по што граѓаните со владин авион биле транспортирани до Скопје.

— реклама —

- Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив. Благодарение на координацијата меѓу институциите и посветеноста на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана – од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, па сè до Скопје – напиша Димитровски.

Тој додаде дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање.

— реклама —

Според најавите, во наредните денови се очекува да биде реализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани кои изразиле подготвеност да се вратат во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Глоба од 50 евра за фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро во Скопје

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryo8hb3l4542ag5asgyIR

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања