Димковски : Се преземаат сите превентивни мерки за заштита од појава на Африканска чума

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
svinja

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.

— реклама —

Како што информираше Димковски, практично ловната сезона ќе отпочне  два месеци порано од законски предвидената.

— реклама —

„Целта е со намалување на густината на популациите на дивата свиња во Република Северна Македонија, да се намалат и шансите за појава и ширење на оваа заразна болест.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата на Република Северна Македонија ќе предложи и усвојување друг сет на мерки, како што сe :

— реклама —

  • Забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми и
  • Забрана на зимската прихрана на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми.-истакна Димковски

Претседателот на Ловечкта федерација, Влатко Алексовски, апелираше до сите ловци, ловни друштва и концесионери да се вклучат во реализацијата на превентивните мерки кои се спроведуваат се со цел заштита од појава на болеста „свинска чума“

Според проценките во земјва има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети низ целата територија на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања