Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
72694572_391305218488876_3891486038010363904_o

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд салон“, под мотото „Храната е движење“, на којшто повеќе производители на традиционална храна ги презентираа своите производи.

Министерот Димковски во своето обраќање порача дека во целиот синџир на производство на храна, важна улога имаат малите производители коишто произведуваат висококвалитетни производи и имаат позитивен импакт врз локалната економија.

— реклама —

— реклама —

„Токму овие производители се и нашите промотори на традиционалната и органска македонска храна. Во насока на поддршка на малите производители, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изминатиот две-ипол годишен период, работи на мерки и политики за поттикнување на овие производители. Со измените на Законот за вино, е предвидено олеснување на  условите за производство во малите семејни винарии, што ќе придонесе за развој на ваквиот тип на мали винарии, и секако за поголеми приходи. Мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба на преработувачки капацитети, набавка на опрема и други инвестиции, кои овозможуваат модернизирање и зголемување на производството, како и добивање на финални производи со поголема додадена вредност“, изјави министерот Димковски.

— реклама —

Во делот на органското производство поддршката преку дирекните плаќања кај органските производители е од 50-100% поголема од поддршката кај конвенционалните земјоделски производители.Димковски потенцираше дека следејќи го примерот на Европската унија, со цел да се заштитат овие производи, како од нивно исчезнување така и од нивна имитација, од неодамна e воспоставeна законска рамка содржана во Законот за квалитетот на земјоделските производи. Со тоа, производите со географски или традиционален карактер можат да се заштитат со „Заштитена ознака за потекло‘‘, „Заштитена географска ознака‘‘ и „Гарантиран традиционален специјалитет“. Засега е  заштитен еден производ, но преку мерката Поддршка за маркетинг и промоција на земјоделски производи од Програмата за рурален развој, се обезбеденифинансиски средства за заштита на уште пет традиционални производи, кои до крајот на годинава ќе добијат заштитена ознака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања