Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Димковски: Со новиот Закон за земјоделско земјиште ги решаваме проблемите на земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
trajan-pres

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.

Со измените се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.

— реклама —

„Со овој пакет на измени донесовме многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците. Се стимулираат младите во државата да се занимаваат со земјоделство, создаваме поволни услови за нивна поголема вклученост во земјоделството иза започнување сопствен бизнис во агро секторот. Овозможуваме правилна распределба на земјоделското земјиште и го враќаме на вистинските земјоделци“, истакна Димковски.

— реклама —

Со новиот Закон за земјоделско земјиштесе овозможуваправилна распределба и еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За првпат се овозможува измена на бизнис планот, како и промена на земјоделската култура.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања