Димова: Парите се делат по програма утврдена од Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lidija-dimova

Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржа прес-конференција на која образложува за последните информации во јавноста, дека е даден грант од 270 илјади евра на фризерница.

— реклама —

– Парите се делат по програма која ја утврдува Брисел,  ние добиваме прирачки во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите и даваат парите.Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила, изјави Димова

Димова потоа им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари.

— реклама —

-ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадаммоставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања