„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димовски: Македонците се исклучени од одлучување за клучните државни прашања, посебно од оние за македонскиот идентитет, јазик, култура…

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека Македонците не одлучуваат за ништо во Република Македонија. Тие се исклучени од одлучување за клучните државни прашања кои како што вели го тангираат исклучиво македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции и засебност…

— реклама —

„Македонците не одлучуваат за ништо во Република Македонија...

Мнозинството Македонци во Република Македонија

— реклама —

се исклучени од одлучување за клучните државни прашања,

но, и посебно се исклучени од одлучувањето за прашања

кои го тангираат исклучиво македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции и засебност...

Мнозинството Македонци во Република Македонија

не одлучија и не дадоа подршка за:

- Избор на Влада во 2017 година;

- Усвојување на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година;

- Усвојување на Преспанскиот договор во 2018/2019 година;

- Избор на Претседател на РМ во 2019 година;

- Избор на Влада во 2020 година;

- Усвојување на "францускиот предлог" во 2022 година;

Како плод на овие процеси мнозинството Македонци немаа право да одлучат за своите идентитетски прашања:

- дефиницијата на својот национален идентитет (Преспа);

- улогата на АСНОМ во изградбата на модерната македонска држава (Преспа);

- дефиницијата, историјата и карактерот на македонскиот јазик (Преспа + едностраната изјава од МНР на РМ за јазикот);

- употребата на македонските национални симболи (Преспа);

- историјата и самобитноста на македонскиот народ (Преспа + Договорот за добрососедство со Бугарија);

- карактерот на македонскиот образовен систем во делот на историјата и географијата (Преспа + Договорот за добрососедство со Бугарија);

- издаваштвото (Протоколот кој произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија);

- продукцијата на уметнички дела (Протоколот кој произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија);

и уште многу други идентитетски прашања...

На мнозинството Македонци им е ускратено правото да одлучуваат за било што во Република Македонија, а посебно за идентитетски прашања кои се историско автономно право на македонскиот народ...

СДСМ е желна за власт и тргува со сите македонски национални прашања...

ДУИ треба да знае дека ваквата потчинетост на Македонците нема да донесе ништо добро ниту за Република Македонија, ниту за Албанците во Македонија...

Ние, ние мора да се бориме за своите човекови права, да одлучуваме за себе и својата држава...“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања