ДИПЛОМАТИТЕ КОНКРЕТНИ: Охридско Езеро ќе биде показател дали државата е мртва или жива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohridski-region

Повторно градот започна со отстранување на нелегално изградени објекти на брегот на Охридско Езеро и тоа од објекти во месноста Свети Стефан каде плажата во цела нејзина должина е затворена за пристап со објекти изградени нелегално.

— реклама —

Општината со скромни средства и ресурси почна акција која треба да симболизира оживување на државата во Охрид, која е практично умрена во последните дваесет години.

ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И „БАТИЊА СО СИТЕ“ УЗУРПИРАЛЕ ИЛЈАДНИЦИ МЕТРИ КВАДРАТНИ ДРЖАВНА ЗЕМЈА

— реклама —

Плажи имаат запоседнато видни членови на СДСМ, некои од нив на функции на локални ограноци како што е со случајот на раководството на СДСМ Рача, потоа влијателни лица во ВМРО ДПМНЕ ( некои од нив најблиски до лидерот на партијата ), членови на ДУИ и луѓе кои сами трчаат јавно по секој функционер и се блиски до секоја власт. Секако има и сопственици на субјекти кои не се блиски до партиите туку се помоќни па партиите трчаат по нив. Почнувањето на акцијата од објект со кој менаџирало раководството на СДСМ Рача е добар показател за неселективност која ќе треба деновиве да ја видиме дали ќе продолжи понатака.

ДИПЛОМАТСКИ ПОРАКИ ДЕКА ОХРИД ЌЕ Е НА ВРВОТ ВО ИНТЕГРАТИВНИТЕ ЕВРОПСКИ ПРОЦЕСИ

Дел од највлијателните дипломати во земјава во неколку наврати јасно и недвосмислено на властите им ставиле до знаење дека функционирањето на институциите на државата во Охрид, а пред се на брегот на Охридско Езеро ќе биде врвен приоритет во наредниот период и главен услов на патот кон „Европската унија“.

Со дипломатски речник во неколку наврати е укажувано до властите дека Охрид ќе биде приоритет број еден на кој ќе мери функционирањето на државата и институциите. Првпат според информациите на „Охрид 1“ вакви пораки амбасадорите упатуваа до локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, а последен пат деновиве кога амбасадор на една од највлијателните земји во светот,  на властите во Скопје и на градоначалникот на Охрид им го кажа следното:

„Охрид и брегот на Охридско Езеро ќе биде лакмустова хартија на која ќе се гледа дали државата е жива или мртва !“

Ако се земе во предвид дека ова директно го кажал дипломат на дипломатски речник, може слободно да се толкува дека Охрид и езерскиот брег со самото езеро ќе се следен приоритет број еден за највлијателните држави од западниот свет, па властите и политичарите, но и локалното население ќе мора тоа да го сфати, прифати и да продолжат да живеат со тој факт.

ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ СЕ ЛИЗНАА НА ЛАКМУСТОВАТА ХАРТИЈА

Интересот на јавноста и државата повторно е потиснат на страна под финансиските влијанија на дел од локалните угостители кои спонзорирале некои од медиумите па така ситуацијата дел од сопствениците на медиуми и дописниците наместо како заштита на интересот на граѓаните и народот е третирана како негативна појава за нив и директно ја напаѓаат власта за донесените одлуки.

Странските организации во земјава уште од 2014 година спонзорираа повеќе граѓански здруженија и невладини организации како и поголеми медиумски проекти кои ја третираа екологијата.

Дел од сопствениците на медиуми оваа активност ја доживуваа како политичка со цел да се симне ВМРО ДПМНЕ од власт и по промената на власта во Охрид речиси да прекинаа да даваат медиумска поддршка на екологистите кои до тој момент силно ги експонираа, а од октомври 2017 практично ги игнорираа активности.

Но, странските организации не прекинаа со спонзорирање на еколошките кампањи па од јануари 2018 до денес спонзорираа серија истражувања на тема екологија и третман на отпад, спроведени од еден медиум од Охрид и неколку од Скопје кои продолжија да истражуваат за проблемите во Охрид.

Фото: Димитар Цафкулоски

  • Лакмустова хартија е своевиден маркер кој се користи при испитување во медицината за да се утврди дали некоја течност или материја е во состојба на киселина или база ( дали е здрава или затруена )

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања