Дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
03-4

“Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграции односно МАРРИ Регионалниот е докажана успешна регионална приказна, успешен регионален проект кој успеа да опстои и покрај многуте премрежја пред кои беше исправен нашиот регион во изминатиот период“.

— реклама —

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот од своето излагање во рамки на дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар што денеска се одржа во Министерството за надворешни работи и на кој што беа сублимирани досегашните активности и значење на оваа Регионална иницијатива, како и предизвиците пред коишто е исправена во наредниот период.

— реклама —

Според министерот Спасовски во релативно краток временски период Република Северна Македонија, но и регионот, се соочија со голем прилив на мигранти на своите граници, притоа посочувајќи дека научените лекции, брзо беа преточени во законски и подзаконски решенија, беа изготвени соодветни акциски планови за справување во слични ситуации во иднина, а сега веќе искуства се споделуваат во рамки на МАРРИ учесниците, а и пошироко.

— реклама —

“Миграцијата, сама по себе, особено онаа која вклучува ненадеен и огромен прилив на мигранти повлекува земање предвид на уште неколку други феномени. Тоа се, пред се кривични дела од областа на трговијата со луѓе и криумчарење мигранти, кои треба да ги спречиме или откриеме. Но тоа се и ситуации кои понекогаш налагаат пружање медицинска помош, обезбедување соодветна заштита и интеграција. Во насока на справување со сите овие предизвици и обврски, првенствено е потребен координиран настап на сите засегнати државни институции, но и заедничко регионално дејствување токму во обезбедувањето на тој координиран пристап“, потенцираше министерот Спасовски.

— реклама —

Платформата за соработка креирана токму преку самото постоење на МАРРИ, претставува огромна придобивка за целиот регион на Западен Балкан,односно истата се користи како значајна алатка за размена на искуства и најдобри пракси. Она што можам да го кажам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е дека нашата поддршка на МАРРИ и натаму ќе продолжи и ќе се интензивира“, констатираше на крајот од своето обраќање министерот Спасовски.

QHIi1Y1CS9I

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања