Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Директор на јавно претпријатие давал државни пари без одобрение на управен одбор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(30), В.П.(34), Е.О.(64) и С.О.Т.(32), сите од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

— реклама —

Во периодот од 01.01.2014 до 20.11.2017 година првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.

— реклама —
— реклама —

Притоа, во периодот од 01.01.2014 до 02.02.2015 година, третопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, и во периодот 11.02.2015 до 30.10.2018 година четвртопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, вршеле исплата на парични средства, во вид на аванси, на вработени без приложена соодветна документација, додека за дел од исплатените средства не воделе ниту сметководствена евиденција.

— реклама —

Исто така, во периодот од 21.11.2017 до 30.10.2018 година, второпријавениот, како директор на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања