Промени тема
Контакт

Директорите од ДУИ се закануваат на наставниците кои ја поддржуваат албанската опозиција, вели Ќоку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Во последниве денови, многу наставници од основните и средните училишта пријавиле еден феномен колку вознемирувачки, толку и понижувачки за нашето општество. Некои директори, по наредба на владејачката партија, ДУИ, извршија притисок, закани и условување, од различен вид, злоупотребувајќи ја моќта што ја имаат во своите раце само уште неколку дена, вели Лулзиме Ќоку, Претседателка на Собранието на Жените на Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Директорите се закануваат на секој наставник кој е поддржувач на албанската опозиција, а потоа ги условуваат другите да учествуваат во нивните собири на сила, принудно и против нивната волја. И на крајот заканите одат дотаму што бараат да гласат за ДУИ предупредувајќи ги дека вашата работа е загрозена доколку не го направат тоа. Најизложени на овие притисоци и уцени се привремените вработени, наставници без решение.

— реклама —
— реклама —

Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернативите ги повикуваме споменатите директори итно да го прекинат притисокот, бидејќи се е документирано и наскоро ќе одговараат. Во меѓувреме, наставниците, оние кои се надеж на општеството, највредните луѓе, да се спротистават, да ја одржат благородната улога што ја имаат и да бидат убедени дека ова се последните денови во кои се соочуваат со овој притисок. Вие драги наставници, ќе бидете симбол на овој отпор и голема победа против диктатурата и неписменоста на оваа бласт. Ние ве уверуваме дека по 17 октомври, никој нема да ве допре, а вие што сте во моментов со договор на дело, ќе го добиете заслужениот статус и идните директори на училиштата ќе бидат избрани од вас заедно со советот на родители“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања