„Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат“, ВМРО-ДПМНЕ најави нови детали за aферата Паразити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
afera-PARAZITI-12112022

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата.

— реклама —

Овие двајца директори во М НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат.

— реклама —

И додека директорите на М НАВ земаат стотици илјади евра за еден мандат на име плата, народот страда. Нити две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошница. Тоа што до пред една година можело да се купи за 500 денари како намирници во продавница, сега не може ниту со 1.000 денари.

Аферата Паразити покажува зошто власта не се грижи за економијата и зошто нема слух за проблемите и високата инфлација. За функционерите на власта инфлацијата не значи ништо, таа удира по народот. Затоа се потребни промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања