Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Директорка на студенски дом си се назначила за секретар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
studenski-dom-bitola

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор. Останатите пријавени, на седница на управниот одбор, изгласале и потпишале повеќе одлуки со кои ја назначиле првопријавената како секретар, со што овозможиле на неа да и се исплатува 25% од платата за работното место секретар.

— реклама —

Со наведените дејствија, првопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 235.001 денари, додека нанесената штетата на Буџетот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ изнесува 362.276 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања