Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Директорка на здравствен дом во Битола од 61 кандидати, вработила девет лица со лажно рангирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bolnica-2

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.С.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

— реклама —
— реклама —

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на Здравствен дом д-р „Хаим Абраванел“ во Битола, врз основа на објавен оглас за прием на медицински персонал-медицински сестри, лаборант, фармацевт и психолог на неопределено време, без присуство на Комисија за селекција, спровела интервју со 62 рангирани кандидати кои ги исполнувале условите од огласот.

— реклама —
— реклама —

Еден ден пред објавувањето на резултатите од конкурсот, до правната служба на домот, доставила список со девет кандидати кои требало да бидат примени, при што само тројца од нив припаѓале на прворангираните девет кандидати, додека останатите шест кандидати биле примени без јасен критериум и спротивно на условите вреднувани од комисијата при составување на ранг листата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања