Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Директорка во МОН блиска до Заев е одговорна за срамот со учебниците по математика, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Zaev-25

„Последниот скандал со срамната математичка грешка повторно го разоткри неспособното работење на педагошката служба при МОН, Секторот за учебници и педагошко советување и Оделението за одобрување на учебници.

Педагошката служба при МОН е претворено во дувло на најматни зделки со учебниците, за кои МОН издвојува милиони евра народни пари за откуп на ракописи за учебници, нивна техничка обработка и печатење.

— реклама —

Оваа служба ја раководи директор избран директно од Владата, што само по себе укажува на партиската конотација на ова многу важно работно место.

— реклама —

На почетокот на годинава, втор мандат од Владата доби досегашната директорка на Педагошката служба во МОН, Вања Изова-Велева од Струмица, партиски човек и семеен пријател на Зоран Заев, која беше и директорка на струмичката гимназија во текот на неговиот мандат како градоначалник. Под неа е Раководителката на Секторот за учебници, која раководи сo цели две одделенија – едното за оодбрување на учебници, а другото за издавање и набавка- Хикмете Селмани.

— реклама —

Ова се само мал дел од пропустите на Педагошката служба на чело со Велева:

– распишан Конкурс во 2020 година за одобрување учебници по англиски јазик во деветгодишно образование, што воопшто не се реализира и резултираше со катастрофална веќе четврта учебна година без учебници по овој предмет;

– Конкурс во првиот квартал на 2023 година за избор на учебник за предметот Природни науки за 6-то одделение, со необјасниво продолжување на рокот пред самиот истек, што укажува на инсајдерски подесувања за да се удоволи на фаворизирани автори;

– Скандалозен тековен Конкурс за издавање учебници за 7-мо одделение, за кој сè уште не се објавени новите наставни програми на веб-страната на Бирото за развој на образованието, а кои програми авторите мора да ги следат за да аплицираат на конкурсот.

Милиони евра народни пари се издвојуваат за учебници, a нашите деца и наставниците добиваат учебници со катастрофални грешки, и покрај бирократските организациски структури (преполни со директори, раководители, советници) кои потпишуваат срамни решенија, и покрај правилниците и процедури кои барем на хартија треба да обезбедат квалитет и отчет за потрошените јавни пари – а не партиски договарања за избор на нивните фирми и автори! – се вели во соопштението од Левица испратено до медиумите“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања