Според информациите на МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(51) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување.

Во текот на јануари 2019 година пријавената, како директор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар, на оглас за вработување на наставник за стручни предмети од шумарско и дрвопреработувачката струка избрала кандидат кој немал соодветно образование.