Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Директорката клиника за дерматологија заболена од коронавирус држела предавања на колеги пред два дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
urgenten-centar

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска во саботата, односно пред два дена, присуствувала на секција на која учествувале стотина дерматолози и одржала предавање во ресторанот Рагуза во Скопје.

— реклама —

Колегите од Клиниката се во паника, бидејќи на настанот, но и секојдневно на работа таа била во постојан контакт со докторите и со пациентите што ги водела.

— реклама —

Директорката на клиниката, според нашите извори, воопшто не пријавила дека била во Италија, туку првично тоа го сториле колегите, а откако таа добила симптоми на вирусот. Во меѓувреме, клиниката е затворена, медицинскиот персонал е во изолација, а пациентите за кои е проценето, продолжуваат на домашно лекување.

— реклама —

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на докторката, особено што постојано се упатуваа апели да се следат протоколите за лицата кои доаѓаат од држави каде што има голем број заразени од коронавирусот.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања