„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Директорката на болницата „Козле“ им се закани на медиумите со тужби, ако и го споменат името

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-04-at-10.16.21

Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Нејасно е зошто на документот има архивски печат од Клиниката, со оглед дека станува збор за приватна изјава, која нема поврзаност со нејзината работа во клиниката. Дополнително употребен е и печат од установата, што го отвора прашањето - дали ова претставува злоупотреба?

— реклама —

На ова реагираа од Здружението на новинари во Македонија.

— реклама —

„Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите. Ги потсетуваме сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант. Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини. Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

Веќе подолг временски период, директорката е актуелна во медиумите како раководно лице на болницата од кое вработените имаат поплаки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања