Традиционално и оваа година, директорот на казнено-поправниот дом „Скопје“ во Шутка беше во посета на децата без родители во домот „11 Октомври“. Предновогодишно, се сретна со штитениците, како и раководството на оваа институција.
Директорот Андов со раководството размени информации за текот на изминатата година, а одговараше и на прашања од штитениците. Како и претходните години, така и сега, донираше и новогодишни пакетчиња.
„Секогаш е чест да се дојде во посета на оваа институција, каде се сместени ранлива категорија на граѓани. Штитениците имаат низа прашања, но и искуства кои ги споделуваат. Од тука се руши таа бариера дека од младите не може да се научи нешто ново. Привилегија е да се помогне, онолку колку што ни се можностите. Секоја чест и за раководството, кое вложува несебична љубов, но и посветеност за штитениците да израснат во индивидуи кои потоа се пример за општеството“, рече Андов при посетата.
Домот за деца без родителска грижа „11 Окмтомври“ додели и благодарница на Андов и КПУ „Скопје“ за несебичната поддршка која ја добиваат од нив.