Проектот „Младинска картичка“, Јавниот повик за грантирање невладини орагнаизации, Националната стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017 и Информација за состанокот во Брисел за поглавјето 26 кое ги опфаќа и младите, се само некои од активностите што ги најавува Агенцијата за млади и спорт (АМС) за претстојниот период.
На состанокот директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, ги образложи активностите кои се планираат во следниот период и процесите за кои како институција сме надлежни да ги имплементираме во областа на младите и младинското учество, за што побара од младинските организации целосна вклученост во планирањето и имплементацијата на истите. Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат.
На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади, кои по излагањето на директорот, ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на денешната средба и ја изразија вољата и подготвеноста од нивна страна за да бидат дел од процесот на донесување одлуки и активно да учествуваат во креирање решенија во интерес на потребите на младите.
На средбата беа донесени неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во тек на месец Април, на кои ќе се разговара за Националната стратегија за млади, дефинирање на методолошки пристап за ревизија на истата и креирање на нов Акциски план.