Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Директорот на БЈБ добил двојник: ги пријавив, ќе го најдеме лицето кое стои зад ова дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6406

,,Почитувани граѓани, фејсбук пријатели, сакам да ве информирам дека и јас, односно мојот официјален фејсбук профил како директор на Бирото за јавна безбдност на МВР, ја доживеа “честа“ да има свој “двојник“! Искрено говорејќи, како и повеќето од вас, и јас најостро ја осудувам појавата на креирање лажни профили, злоупотребата и манипулацијата со лични фотографии и податоци, тој најблаго кажано - крајно недоличен и законски недозволив начин на однесување во користењето на социјалните мрежи.

Секако случајот веднаш е пријавен не само заради заштита на мојот личен интегритет, туку и заради заштита на интегритетот на институцијата која што ја претставувам – македонската полиција – и на која што исто така и се нанесува штета преку незаконското користење на фотографи, постови и информации.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи врз основа на своите надлежности а согласно одредбите од Кривичниот закон на РСМ, член 149, поднесе извештај до ОЈО Скопје со што е започната постапката за откривањето на лицето кое што стои зад ова дело.

— реклама —

Сакам на крајот да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи дека сите ние сме должни да ги почитуваме и практикуваме веќе утврдените законски и регулаторни норми за употреба на социјалните мрежи. Точно е дека секој поединечен профил на некој начин го репрезентира личниот светоглед, личното сваќање и погледи на секој корисник, и тоа треба да биде така, но воедно точно е и дека тој, профилот, е и репрезент на нашата личната одговорност и совесност.", напиша Александар Јанев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања