Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Граничниот премин Ново Село

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8rid8v0tj3ml1LT6Atb

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска остварил работна посета во Струмица, како и во Полициското одделение и на Граничниот премин Ново Село, информираа од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што соопштија од МВР, за време на посетата Јанев се запознал со состојбите и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници на терен.

— реклама —
— реклама —

На средбите било разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречувањето на прекуграничниот криминал. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на условите за работа, техничката опременост и зајакнувањето на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека Граничниот премин Ново Село претставува важна точка за проток на патници и стоки, при што приоритет останува обезбедувањето ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2cm765d2rbmdeT1CLcs

МВР алармира за нова сајбер измама со злоупотреба на името на директорот на БЈБ

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања