Промени тема
Контакт

Директорот на ЈП „Колекторски систем“, да ги засука ракавите и да го реши проблемот со нефункционалниот колекторски систем, вели ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
9112019_PVRSM_kolektorski-sistem_2

Директорот на ЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски наместо да ја префрла топката на Локалната самоуправа да ги засука ракавите и да го реши проблемот со нефункционалниот колекторски систем. Но очигледно не е способен за менаџирање и потребно е да си поднесе оставка од функцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

„Директорот сега мудрува за еколошката катастрофа кај Воска заборавајќи дека претходно самиот тој беше и директор на ЈП „Водовод“. то направија претходно во однос на дивите приклучоци и неодвоената фекална и

— реклама —

атмосферска канализација?

— реклама —

Што е преземено досега во однос на прочистување и санирање на критичните точки на колекторот?

Затоа што доцни санацијата за жал фекалии и непречистени води завршуваат директново Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото. Ако централната власт на СДСМ и Директорот сакаат да докажат дека навистина не е така тогаш веднаш да се зафатат со рехабилитација и надградба на колекторскиот систем, во спротивно нека си одат. Потребна е одговорност од Директорот затоа што системот е во тотален колапс и воопшто не е вратен во нормала како што ветуваше СДСМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања